Палмер ќе бара од одборот да гласа за влез во Ф1

0

Астон Мартин е многу блиску да влезе во Формула 1 како производител на мотори откако шефот на британската компанија, Енди Палмер, изјави дека планираните измени во 2021 година одговараат на нивната визија.

Главниот извршен директор изјави дека ќе го советува одборот да гласа за членство во Ф1. Во моментов брендот има договор со „Red Bull“ да биде главен спонзор на тимот од 2018 година. Евентуалното вклучување на „Aston Martin“ ќе зависи од три услови: ниска цена на моторот за производство, ограничен број часови на развој и верување дека спортот е навистина возбудлив за навивачите.

„Поентата е да се направи Ф1 да биде привлечна за фановите. Тоа значи враќање на возачот во центарот на спортот. Јас сум инженер и ја сакам технологијата” – вели Палмер

Share.

Leave A Reply