Претседателот на фудбалскиот состав Рома, Џејмс Палота, крајно изнервиран и исфрустриран по вчерашното реми на теренот на Калјари во Серија „А“, испрати остра порака до играчите преку социјалните мрежи.
-Тоа беше шега! Да бидеме искрени, завршницата беше срам за Рома. Тоа ми изгледаше како шега. Овој тим на Рома е луд, јасно е дека резултатот против Калјари е срамен за нас“- напиша Палота.
Ќе потсетиме дека римјаните имаа голема предност од 2 спрема 0, но, дозволија да примат гол во судиското продолжение за 2:2 иако имаа двајца играчи повеќе. Тимот од Рим очигледно влезе во криза бидејќи на три средби не успева да освои цел плен. Медиумите во Италија денеска пишуваат дека се тресе столчето на тренерот, Еузебио Ди Франческо.