„Панцирите“ ќе атакуваат на првите бодови, Кореја ќе оди на изненадување

0

Ракометарите на Германија и Кореја денеска од 18:15 часот во арената во Берлин, ќе го отворат 26-от  Мундијал кој ќе се реализира во шест градови во Германија и Данска. Тоа се: Минхен, Берлин, Келн, Хамбург (Германија) и Копенхаген и Хернинг (Данска).

На првенството ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во четири групи. А-група (Берлин): Германија, Франција, Русија, Србија, Бразил, Кореја. Б-група (Минхен): Хрватска, Шпанија, Исланд, Македонија, Бахреин и Јапонија.Ц-група (Копенхаген и Хернинг): Австрија, Данска, Норвешка, Тунис, Саудиска Арабија и Чиле. Д-група (Kопенхаген): Унгарија, Шведска, Египет, Аргентина, Ангола и Катар.

Во втората рунда ќе одат трите најдоби од секоја група по што ќе се формираат две нови со по шест учесници. Бодовите освоени во  првата фаза ќе се пренесат во новите групи.

Share.

Leave A Reply