Пандев доби нов тренер, Џенова го назначи Чезаре Прандели

0

Поранешниот фудбалски селектор на Италија, Чезаре Прандели е назначен за тренер на Џенова. Прандели исто така ќе ја извршува и функцијата на техничкиот директор на клубот.

Прандели го заменува на функцијата Хрватот Иван Јуриќ, кој беше отпуштен по сензационалната елиминација од третолигашот Виртус Ентела во Купот на Италија кој се одигра синоќа.

За Јуриќ ова беше трето заминување од Џенова во рамките на последните 20 месеци, овој пат 43-годишниот стратег се задржува на чело на тимот едвај два месеци. Во октомври Јуриќ беше назначен на местото на Балардини, кој исто како неговиот наследник беше отпуштен по трет пат од Џенова.

Прандели ќе биде официјално претставен во сабота. Стручњакот беше на чело на Италија помеѓу 2010 и 2014 година, а потоа за кратко го водеше турскиот Галатасарај, шпанскиот тим Валенсија и Ал Насри од Обединетите Арапски Емирати.

Share.

Leave A Reply