Капитенот на нашата фудбалска репрезентација Горан Пандев најверојатно ќе го пропушти утрешниот меч со Австрија во квалификациите за ЕП, најави селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција во Виена.
„Без секого се мора и се може а фудбалерите кои се повикани одработија квалитетни подготовки. Ни се случи уште еден пех, капитенот Пандев има температура, останува да видиме како ќе биде до утре. Верувам во сите без разлика кој ќе истрча на теренот. Шанса ќе добијат и помладите во слекцијата“ – нагласи Ангеловски.
Од претходно се знае дека на дуелот со Австријците наема да играат повредените :Аријан Адеми, Езгјан Алиоски, Иван Тричковски и Егзон Бејтулаи додека Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски се суспендирани.