Пандев: Елмас е одличен играч

0

Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, кој има реализирано најмногу мечеви во Серија „А“ кога станува збор за интернационалците, доби прашање поврзано со Елиф Елмас.

Нашиот млад играч кој во текот на летото го облече дресот на Наполи, брзо ги собра симпатиите на фудбалската јавност на „Чизмата“.

„Елмас е многу силно момче а роден е во 1999, има голем карактер, тоа го покажува и во Наполи и во националниот тим. За Македонија покажа дека станува лидер, тоа е момче кое сака да победува. Наполи доби големо засилување. Тој е среќен е таму и се надева дека набрзо ќе освои нешто значајно со тимот“ – одговорил Пандев на прашањето поврзано со Елмас.

 

Share.

Leave A Reply