Пандев им се извини на фановите на Џенова за поразот кај Парма

0

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, кој вчера ја носеше капитенската лента во Џенова на „дебаклот“ кај Парма со 5:1, им се извини на навивачите за убедливиот пораз.

„Не знам што се случи. Мораме да им се извиниме на нашите навивачи. Не е добро кога ќе се изгуби на ваков начин. Не разбирам зошто ова ни се случи, работевме напорно и се подготвуваме за овој меч. Веројатно немаме самодоверба“, рече Пандев кој додаде дека поразот е вина на секој играч од тимот, а не само на одбраната.

Share.

Leave A Reply