Пандев ќе има нов тренер во Џенова, најавуваат медиумите

0

Италијанските медиуми се убедени дека Тијаго Мота ќе го наследи Аурелио Андреацоли на клупата на Џенова откако тимот на нашиот, Горан Пандев, има разочарувачка сезона и по осум одиграни кола е на претпоследното 19 место во Серија „А“.

Мота откако во 2018 година се повлече од фудбалот, не успеа да обезбеди посериозен тренерски ангажман и работеше само во составот на ПСЖ до 19 години.  Бразиелцот со италијански пасош добро ја познава Џенова  бидејќи играше таму од 2008 до 2009 година.

Интересно е тоа што Мота заедно со нашиот Пандев настапуваа во дресот на Интер кога „нероаѕурите“ ја освоија Лигата на фудбалските шампиони.

 

Share.

Leave A Reply