Пандев: Ова е шанса на оваа генерација

0

Македонската фудбалска репрезентација ги заврши квафиликаиците за Европското првенство 2020 на третото место во групата „Г“ што за нас е најдобар резултат во историјата кога е во прашање еден циклус за пласман на големо натпреварување.

Капитенот Горан Пандев верува дека можеме да ја искористиме оваа одлична шанса и одлична генерација, за конечно да дојдеме до едно континентално натпреварување. Шансата, се секако, последните дуели од Лигата на Нации.

„Го заслуживме ова трето место. Да ни го понудеше некој пред почетокот, веднаш ќе прифатевме. Сакавме на ЕП преку квалификациите, но загубивме од Полска и Австрија и тоа е разликата. Оваа генерација може да се избори за ЕП, се надеваме ќе ја израдуваме македонската јавност. Имаме долго време до натпреварот со Косово на кој мислам дека имаме големи шанси, само да не служи здравјето и да сме комплетни.  Публиката ќе биде нашиот 12-ти играч“, порача Пандев.

Share.

Leave A Reply