Горан Пандев синоќа стигна до неверојатно постигнување во италијанската Серија А. Бројката од 100 гола во италијанската елита беше причина за негова изјава пред тв-камерите веднаш по мечот.
„Секако дека сум среќен што дојдов до 100-тиот гол во Серија А. Во Италија сум долго време, искрено не помислував дека ќе дојдам до оваа бројка. И среќен сум што тоа го постигнав во дресот на Џенова. Што да кажам за мојата иднина. Мојата намера е после ЕУРО да ја завршам кариерата. Сепак треба да разговарам со претседателот и спортскиот директор на Џенова“, посочи Пандев.