Пантиќ го засили Фени

0

Кошаркарот, Младен Пантиќ, во последниот ден трансферниот период потпиша за екипата на Фени Индустри.

Тој игра на позицијата центар а до пред неколку месеци го носеше дресот на Морнар во АБА лигата. Пантиќ досега има настапувано за Крајова, Орадеа, Борац Чачак, Игокеа, Алба Берлин и Левски.

Неговото деби за кавадарчани ќе биде на гостувањето против МЗТ Скопје во почетокот на последниот лигашки дел од сезонава додека за настап во БИБЛ лигата ќе мора да ја почека наредната натпреварувачка сезона.

Share.

Leave A Reply