Паоло Канаваро„ Мумии го водат фудбал во Италија“

0

Дефанзивецот на Сасуоло Паоло Канаваро остро го критикуваше раководството на италијанскиот фудбал по неуспехот на „азурите” во светските квалификации. Италија загуби во бараж двомечот со Шведска и за прв пат од 1958 година нема да учествува на Светското првенство.

„Не го загубивме светското првенство денес, го изгубивме уште пред 15 години, кога започна неконтролирано влегување на пари во фудбалот и Италија испадна од сите сфери, а местата на нашите млади играчи се дадоа на други фудбалер. Ја дадовме славата на другите благодарение на италијанските тренери кои остануваат најдобрите во светот. Единствено се надевам дека сме дојдени до дното и конечно ќе го реформираме нашиот фудбал. Збогум на мумиите кои го контролираат италијанскиот фудбал и да остават пат за младите. Тргнете се од патот, Ви благодарам “, напиша братот на Фабио Канаваро на „Инстаграм “

Share.

Leave A Reply