Папу може да добие понуда од Шпанија

0

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец, Папу Гомез, кој имаше конфликт со главниот тренер,  Гасперини, веројатно до крајот на месецов ќе си замине од Аталанта.

Неколку клубови од Серија А се заинтересирани за него, но, не сакаат да платат 10 милиони евра. Станува збор за Интер, Милан и Рома. Тоа може да го искористи шпанскиот состав Севилја и да испрати понуда за брзоногиот играч.

Во текот на сезоната Папу Гомез има 10 натпревари и 4 голови во Серија А. Тој последен пат беше на теренот на ремито против Јувентус на 16 декември.

Share.

Leave A Reply