Паратичи: „Јувентус треба да се раздели со шест играчи“

0

Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи, зборуваше за иднината на Паоло Дибала, кој стана една од трансфер-сагаите ова лето, откако беше поврзан со преселбата во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но на крајот сепак остана во Торино.

„Трансфер пазарот е отворен, но немаме ниту еден играч близу пред заминување. Дибала е играч на Јувентус, тој е навистина одличен играч. Како што реков и предходно, имаше различни разговори низ трансфер периодот, имаше понуди, но Дибала е сепак тука“, рече Паратичи.

Новиот тренер на „старата дама“, Маурицио Сари, најави дека има многу избор и некои играчи ќе треба да останат надвор од списокот од 25 фудбалеи за Лигата на шампионите. Со заминување од Јувентус се поврзуваат уште неколку имиња – Блес Матуиди, Сами Кедира и Марио Манџукиќ кои исто така се поврзани со екипи далеку од Торино.

Директорот на Јувентус исто така изјави дека во моментов неговата екипа треба да се раздели со шест играчи. Тој најави дека би сакал да ги задржи сите , но нема да може, а главниот проблем на Јувентус е тоа што во клубот нема играчи кои пораснале во овој клуб. Имаат само еден играч производ на школата на Јувентус што е дефинитивно проблем за шампионот на Италија.

Share.

Leave A Reply