Доминик Парис и денес покажа дека нема конкуренција на патеката во Бормио. Втор ден по ред триумфираше во трките за Светскиот Куп. Денес славеше на втората трка во спуст која се одржа во Бормио, Италија.
Откако славеше на вчерашната трка, Парис денес дојде до нова победа поминувајќи ја патеката за 1:55.37 минути. Швајцарецот Урс Крименбал беше втор, а неговиот сонародник Беат Фојц се пласираше на третото место.
Оваа трка ја одбележа инцидентот кој го имаше Австриецот Ханес Рајхелт, кој мораше со хеликоптер итно да биде хоспитализиран. По денешната трка вопласманот за спуст води Беат Фојц со 240 бода, а Парис е втор со 204. Во генералниот пласман лидер е Норвежанецот Хеник Кристоферсен.