Париз и Лос Анџелес ќе бидат домаќини на ЛОИ во 2024 и 2028 година

0

Меѓународниот олимписки комитет синоќа ги одреди домаќините на ЛОИ кои ќе се одржат во 2024 и 2028 година. Париз и Лос Анџелес ќе бидат домаќини на овие два најголеми спортски настани, а со симултано гласање треба да биде одредено кој град во која година ќе биде организатор.

Гадоначалничката на Париз, Ен Идалго и градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарцети заедно со првиот човек Меѓународниот Олимписки комитет, Германецот Томас Бах ја објавија оваа веста која и се очекуваше и беше најавувана од добрите познавачи на случувањата во Интернационалниот комитет.

Градот Париз беше домаќин на Олимписките игри двапати досега и тоа во 1900 и 1924, додека Лос Анџелес во 1932 и 1984 година. Ова значи дека и двата града ќе бидат организатори на ЛОИ по трет пат.

Share.

Leave A Reply