Парис победи на спустот, женската трка во Сочи е одложена

0

Скијачот од Италија, Доминик Парис успеа да го освои првото место во денешниот спуст кој беше реализиран во рамките на светскиот куп во алспко скијање во норвешкиот зимски центар Квитфилд. Тој патеката ја помина за 1.45.74 минути со што го остави на второто место Бет Фојц од Швајцарија кој заостана 25 стотинки и трето пласираниот Матијас Мајер Австрија кој имаше за 37 стотинки послабо време од победникот.

Фојц со 500 поени е лидер во рангирањето во спуст, втор е Парис со 420  додека третото место го има Австриецот, Винсент Крихмајер со 294 поени. Во генералниот пласман во светскиот куп во алспко скијање, лидер е Марсел Ширшер од Австрија со 1408 поени пред Французинот Алексис Пинтуро со 918 и Норвежанецот, Хенрик Кристоферсен кој има 808.

Денешната трка во Супер-велеслалом кај жените која требаше да се одржи во рускиот зимски центар  Сочи, беше одложена за утре поради силните снежни врнежи, објави АП.  Лошото време во Сочи целосно ја промени програмата на Светското првенство.

Share.

Leave A Reply