Тони Паркер една од легендите на светската кошарка вели дека поради пандемијата на корона-вирусот сезоната треба да се поништи во сите шампионати вклучувајќи ја и Евро-лигата.
„Сите ќе имаат загуби, не само една лига или еден клуб. Комплетно сè се менува , целата динамика на спортот, европската кошарка, француската… сезоната нема да продолжи, ние странците ги ослободивме да си бидат со семејствата“ – вели Паркер.
„Никој сега не размислува за кошарка. Јас знам дека се треба да се откаже па и Евро-лигата. Немаме друг избор “ вели првиот човек на францискиот состав Асвел.