Парти го чека дебитантскиот меч за Арсенал

0

Новото засилување на Арсенал, Томас Парти, е подготвен да дебитира за лондончани на саботното дерби против Манчестер Сити. Тоа го најави менаџерот на „топџиите“ Микел Артета.

„Парти ќе мора многу брзо да се прилагоди. Тој сака да игра, но, ќе видиме в сабота. Гледам ентузијазам околу неговото доаѓање. Навивачите се многу среќни. Видов многу позитивни реакции“ – нагласи шпанскиот тренер по што се обиде да ја искоментира и одлуката да го остави Месут Озил надвор од списокот за Лигата на Европа.

„Тоа беше тешка одлука која моравме да ја донесеме затоа што имаме премногу странски играчи. Тој не е единствениот што остана надвор од списокот “ – потенцираше Артета.

Share.

Leave A Reply