Романците како да ги загубија сите надежи за пласман на СП 2019 по синоќешниот убедлив пораз во Скопје. Селекторот на гостинската селекција, Чави Пасквал, вели дека Македонија и практично веќе е на СП.
„Честитки до Македонија, тие беа многу подобри од нас, освен во почетните минути. Ова е вистинската разлика меѓу двете репрезентации. Баражот е завршен за нас. Се надевам дека ќе се поправиме на реваншот и ќе победиме, бидејќи тоа ќе биде многу важно за нас да победиме една од најдобрите репрезентации во светот“, изјави Пасквал.