Рома ќе се обиде да добие што е можно повеќе пари од Интер за Раџа Наинголан, а договорот, најверојатно, ќе вклучува и двајца млади таленти на Интер кои би се преселиле во Рома.
Една опција е „волчицата” да го продадат Наинголан за 40 милиони евра, а другата е да добијат 30 милиони плус правата на Николо Џаниоло и Андреа Пинамонти, тврди „Скај Спорт Италија“.
Џаниоло ќе има 19 години во јули. Тој е одличен играч од средниот ред кој постигна 14 гола и имаше 11 асистенции за младинскиот тим на Интер минатата сезона. Пинамонти неодамна наполни 19 години, па дури има и дуели во Серија „А”. На „Олимпико“ се очекува да се појави Хавиер Пасторе. Тоа е аргентинскиот играч од средниот ред на Пари Сен Жермен, кој е планиран како замена за Наинголан. Римјаните веќе се договориле со него за неговите лични услови (4 милиони евра годишна плата), но допрва треба да преговараат со ПСЖ.
Се проценува дека помеѓу 18 и 20 милиони евра ќе биде доволно за да се постигне договор.Другата цел на Рома е да привлечат нов голман, бидејќи се чини дека Алисон ќе оди во Реал Мадрид. Досега, двете имиња се во оптек Алфонс Ареола и Серхио Рико.