Патиките на „Најк“ ќе бидат забранети од ИААФ

0

Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) им забрани на атлетичарите да ги користата патиките – „Најк вапорфлај“ со кои кенискиот атлетичар, Елиус Кипчоге, истрча маратон под 2 часа.

Наводно, испитувањата потврдиле дека кај патиките има нерегуларност во „пружините“ кои давале „нелегална предност“. Кипчоге на посебна трка во Виена користејќи ги патиките на „Најк“ за прв пат успеа да истрча маратон под 2 часа, но, рекордот нема да му биде признат бидејќи не е поставен на официјална трка.

ИААФ во објавата потенцира дека во патиките има и други нерегуларности и дека ќе биде спроведена детална истрага.

Share.

Leave A Reply