Легендата на шпанската кошарка Пау Гасол беше подложен на задолжителни лекарски прегледи пред да се реализира трансферот во родната Барселона.
Како што е познато, 40-годишното крило ќе го засили тимот на Шарунас Јасикевичиус со договор до крајот на сезоната. Гасол се врати во Барселона по пауза од 20 години, откако последен пат играше за Барса во 2001 година, пред да го направи големиот чекор во НБА лигата.
Двократниот шампион во НБА лигата со тимот на ЛА Лејкерс се сретна со новоизбраниот претседател на Барселона Жоан Лапорта, како и со неговиот стар познаник Хуан Карлос Наваро, кој е одговорен за школата на гигантот на Шпанија.
Сè уште е непознато кога ќе го видиме големиот Пау на паркетот во дресот на Барселона која ќе се бори на два фронта до крајот на сезоната – во шпанската лига Ендеса и во Евролигата, бидејќи и двете натпреварувања се движат кон своите последни фази.