Павлов и Мојсовска најдобри кај сениорите

0

Македонската карате федерација денеска на посебна свеченост ги прогласи најдобрите во повеќе категории за 2018 година. Кај сениорите, очекувано признанието го понесе Емил Павлов (КК Штип) кој претходно беше прогласен и за спортист на Македонија додека во женска конкуренција наградата заврши во рацете на Ангела Мојсовска од екипата на Макпетрол.

Најдобар тренер кај сениорите е Сашко Арсовски а кај младинците Александар Кузмановски. Во ката-сениори наградата ја прими Ферри Исиќ (Вардар-Скопје) а кај дамите Пулексенија Јовановска од тимот на Ронин од Прилеп. Најуспешен клуб кај сениорите е Штип додека во младинска конкуренција признанието заврши кај КК Олимпик Спорт -2007 од Скопје.

Во конкуренција на сениори до 21 година за најуспешни беа прогласени Петар Спасеновски и Вероника Костовска. На свеченоста им беа доделени признанија и на натперварувачите во повеќе младински, јуниорски и кадетски категории.

 

 

Share.

Leave A Reply