Павлов и Ристовска се најдобри спортисти на Македонија за 2018

0

Македонскиот каратист Емил Павлов и ракометарката Сара Ристовска се најдобрите спортисти од Македонија за 2018 година. Вечерваво изборот на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации беа врачени наградите за најуспешните во тековната година.

Со награди се закитија и Кирил Лазаров кој е избран за најдобар македонски спортист во странство, како и ракометните репрезентации на Македонија кои беа прогласени за најдобри во машка и во женска конкуренција.

ИЗБОР НА НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ ЗА 2018

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ: Емил Павлов (карате)

НАЈУСПЕШНА СПОРТИСТКА: Сара Ристовска (ракомет)

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ ВО СТРАНСТВО: Кирил Лазаров (ракомет)

НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА: Карате федерација на Македонија

НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР: Сашко Арсовски (карате)

НАЈУСПЕШЕН МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Ракометна репрезентација

НАЈУСПЕШЕН ЖЕНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Ракометна репрезентација

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Оливера Наковска-Бикова

НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Фахик Весели (карате)

НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА: Анамарија Георгиевска (таеквондо)

Share.

Leave A Reply