Педро прво на операција, па потоа во Рома

0

Крилото Педро Родригез денеска ќе биде подложено на операција на рамото и ќе биде на теренот за околу еден месец, пишуваат медиумите во Италија.

Педро кој има 33 години беше повреден во неговиот последен натпревар за Челзи во финалето од ФА Купот на Англија кој се одигра во саботата.

Шпанецот е слободен агент и има договор со Рома, но договорот сè уште не е официјално потврден. Најверојатно дека во наредните денови кога ќе се знае конкретно повеќе за последиците од повредата ќе биде реализиран овој трансфер на Педро во Рома.

Share.

Leave A Reply