Педроса ќе ја поведе битката на „Херес“

0

Шпанецот, Дани Педроса, ќе стартува од првата позиција на денешната трка од Мото Гран при шампионатот која ќе биде реализирана на патеката „Херез“.

Неговиот тимски колега и воедно светски шампион, Марк Маркез, ќе стартува како втор а веднаш зад него ќе биде третиот возач на Хонда, Кал Кречлоу. Во вториот ред ќе бидат: Маверик Вињалес, Андреа Јаноне и Жоан Зарко додека во третиот ред место ќе имаат: Валентино Роси, Хорхе Лоренцо и Јонас Фолгер.

Четвртата трка од тековнава сезона во светскиот мото-шампионатот ќе започне од 14 часот на патеката во Шпанија.

Share.

Leave A Reply