Педроса се враќа за трката во Валенсија

0

Возачот на Хонда, Дани Педроса, изјави дека е подготвен да се врати на патеките за трката за ГН на Валенсија со која треба да заврши сезоната во Мото ГП шампионатот.

„Ситуацијата се подобрува секој ден. Физиотерапијата оди добро, и сега размислувам единствено на трката. Работам напорно и се надевам за целосно закрепнување до трката. Следната недела и лекарите треба да потврдат дали можам да возам“, изјавил Педроса.

Шпанецот полека закрепнува по фрактурата на клучната коска која ја доби по тешкиот пад на тренинг на патеката во Јапонија.

Share.

Leave A Reply