Пехарот од Купот ќе патува или за Тетово или за Битола

0

Фудбалерите на Шкендија и на Пелистер ќе се сретнат во големото финале на Купот на Македонија откако успеаа да ги елиминираат Вардар и Брегалница Штип.

Тетовци на домашен терен под Шара загубија од Вардар со 1 спрема 0 со голот на Велковски во 60. минута но, благодарение на триумфот во Скопје со 3 спрема 1, обезбедија место во решавачкиот дуел за победничкиот пехар. Мечот во Тетово донесе голема тензија и нервоза а  во 32. минута беше времено прекинат откако дел од домашните навивачи влетаа на теренот испровоцирани од физичка пресметка меѓу капитените Хасани и Грнчаров по што и двајцата беа исклучени.

Битолчани ќе имаат шанса да се борат за вредниот трофеј бидејќи успеаа да ја совладаат  Брегалница Штип со 1 спрема 0 со голот на Кардозо во 80. минута и да се изборат за вкупни 3-2 .

Share.

Leave A Reply