Актуелниот селектор на Колумбија, Хозе Пекерман е фаворит за испразнетото селекторско место во Аргентина, откако Хорхе Сампаоли беше отпуштен поради неуспехот на Светското првенство, тврдат медиумите во оваа земја.
68-годишниот Аргентинец има силно лоби во федерацијата, каде се импресионирани од резултатите со Колумбија, откако се пласираше во елиминациската фаза на СП во Русија, но и на претходното СП во Бразил.
Во исто време во Колумбија размислуваат разделба со него, бидејќи се незадоволни од елиминацијата во 1/8-финалето во Русија.
На Мундијалот 2014, Колумбија стигна до 1/4-финале, а загуби од Бразил. Договорот на Пекерман со Федерацијата на Колумбија истекува на 31-ви август. Тој сѐ уште не ги објави плановите за неговата иднина.