Пекинг Спорт Јуниверзити е нов член на СЕХА Гаспром лигата

0

Извршниот комитет на СЕХА Гаспром лигата одлучи во сезоната 2019/2020 дел од регионалното натпреварување да биде и кинескиот тим Пекинг Спорт Јуниверзити. Едно од планираните 12. места во 9. сезона на лигата ќе биде токму за кинескиот ракометен состав.

„Деветтата сезона на СЕХА Гаспром лига ќе донесе многу новини, а една од нив ќе биде учеството на кинескиот тим Пекинг Спорт Јуниверзити. Влезот на кинескиот тим ќе ја одбележи новата ракометна ера во регионот и во СЕХА Гаспром лигата. Наша цел е да го развиеме регионалниот ракомет и да донесеме нешто ново, револуционерно во регионот. На овој начин ги прошируваме нашите хоризонти и пазари во југоисточна Европа, но и надвор од европските граници“, вели Михајло Михајловски, претседател на СЕХА Гаспром лигата.

Share.

Leave A Reply