Поранешниот бразилски репрезентативец и трикратен светски шампион, Пеле, изрази загриженост дека неговите достигнувања можат да бидат засенети од младата ѕвезда на Франција, Килијан Мбапе. Кралот на фудбалот дури се пошегува дека размислува да се врати на теренот на 77-годишна возраст и да освои уште некој трофеј.
„Ако Килијан продолжи да ги изедначува моите рекорди, може да ме натера повторно да ги облечам копачките“ се пошегува Пеле.
Мбапе со 19 години успеа да постигне гол во финалето на СП во Русија со што се изедначи со Пеле кој исто така успеа да реализира во финалниот меч кога со само 17 години дебитираше за Бразил.