Пеле: За мене Марадона беше подобар од Меси

0

Трикратниот светски шампион со бразилската репрезентација, легендарниот Пеле го изрази своето мислење за разликата во квалитетот на сегашната и поранешната аргентинска фудбалска ѕвезда. Споредбите на Меси и Марадона и натаму се вртат низ медиумите, а Пеле го искажа својот став и по ова прашање.

„Диего Армандо Марадона беше многу подобар од Лионел Меси. Ова е прашање на вкус кога ќе споредите некого. Некој добро погодува со десната нога, некој со левата, а некој со двете нозе. За мене Марадона беше подобар“, вели кралот на фудбалот.

Share.

Leave A Reply