Швајцарскиот ракометен состав Винтертурн денеска славеше убедлива победа против нашиот Пелистер со 39 спрема 16 во рамките на ЕХФ Купот.
Домаќинот практично го реши мечот во првото полувреме кога направи голема предност од 22 спрема 5. За Битолчани какво –такво оправдување за катастрофалниот пораз може да биде лошата состојба во клубот гледано од секаков апсект.
Во нашиот тим најпрецизен беше Дарио Петровски со шест голови. Реваншот кој ќе биде има само формален карактер по денешнта убедлива побед ана Швајцарците ќе биде одигран во нареднот викенд во Битола.