Црвена Ѕвезда по дури 22 удари од белата точка го елиминираше Копенхаген и се пласираше во плеј-офот во Лигата на фудбалските шампиони. Мечот Данска заврши нерешено 1-1 во регуларниот дел и по продолженијата по што започна пенал-серијата.
Таа донесе траги-комични шутеви поради тревата околу белата точка која беше оштетена и раскопана. Тоа им направи големи проблеми на играчите кои имаа неверојатно лоши обиди да ја погодат мрежата.
Бидејќи се шутираше дури 22 пати, голманите Панков и Винд мораа и по втор пат да шутираат и токму тогаш беше решен победникот. Винд не успеа да даде гол по што започна радоста на „црвено-белите“ кои дојдоа на чекор до групната фаза во ЛШ.