Пенезиќ со 10 гола меѓу најдобрите во последното коло од ЛШ

0

Андреа Пенезиќ и оваа сезона е најдобриот стрелец на ЖРК Вардар во овогодишното издание на Лигата на шампионите.Таа постигна една третина од головите на Вардар во победата над Будуќност во Подгорица.

Со 10 гола во изминатиот викенд, хрватската интернационалка во редовите на ЖРК Вардар стигна до бројката од 75 гола постигнати во тековната сезона и е на добар пат да го сруши сопствениот рекорд од 102 погодоци од сезоната 2014/15.

На Пенезиќ и Вардар им останува да одиграат најмалку уште два, а максимум уште 4 средби вклучувајќи ги и оние во Будимпешта со што би можела да ја достигне таа бројка од над 100 постигнати гола во ЛШ оваа сезона.

32-годишниот лев бек на македонскиот шампион сосема заслужено се најде во друштво од трите ѕвезди во изминатото коло во ЛШ заедно со Стин Бредал Офтедал од Ѓер и голманката на Ростов, Мајса Писоа.

 

Share.

Leave A Reply