Пенезиќ една од ѕвездите на колото во ЛШ

0

Ракометарките на Вардар остануваат единстцените непоразени во групната фаза од женската Лига на шампиони, по триумфот на гостински терен кај Ференцварош. Андреа Пенезиќ која блескаше на средбата со 9 постигнати голаод страна на ЕХФ е избрана за една од трите ѕвезди на колото.

Наградата од ЕХФ доаѓа како подарок за 32 роденден на Пенезиќ. На мечот во Унгарија таа беше вистински лидер, и кога ривалот се надеваше дека ќе успее да се одбрани стигнуваше проектил од Пенезиќ. Еден од деветте гола на Пенезиќ е избран и во Топ-5 гола на колото.

Share.

Leave A Reply