Пенезиќ и Хмирова наредната сезона ќе играат за Шиофок

0

Денес и официјално е објавено заминувањето на уште две ракометарки на ЖРК Вардар кој ја продолжуваат серијата на заминувања од македонскиот ракометен шампион.Две ракометарки на ЖРК Вардара денес го открија клубот за кој ќе настапуваат од идната сезона.

Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова во новата сезона ќе го носат дресот на унгарскиот Шиофок, утрово оваа информација ја објави клубот на својата официјална интернет страница. 32-годишната ракометарка од Хрватска и покрај тоа што најавуваше завршување на кариерата се определи да продолжи понатаму, иако имаше неколку убави понуди од Ростов и Ференцварош, сепак се одлучи за Шиофок, за кој потпиша договор на една година.

Татјана Хмирова, изминатите четири години го носеше вардаровиот дрес, исто така потпиша едногодишен договор, но и двете ракометарки најавуваат дека во овој момент имаат само една цел – да стигнат до титула европски шампион со Вардар што ќе биде историски успех за нашиот шампион.

Share.

Leave A Reply