Пенезиќ меѓу ѕвездите на колото во ЛШ

0

Ракометарките на ЖРК Вардар обезбедија место во четвртфиналето на Лигата на шампионите и се посигурно чекорат и на патот кон Ф4 турнирот во Будимпешта. На последниот меч од главната фаза на ЛШ во Скопје „вардарки“ го победија и тимот на Будуќност.

Андреа Пенезиќ од страна на ЕХФ беше избрана за една од трите ѕвезди на колото. Хрватската ракометарка сезонава постојано е во фокусот како една од најдобрите ракометарки. На дуелот со Будуќност левиот бек постигна осум гола.

Покрај Пенезиќ меѓу најдобрите три ракометарки на колото се најдоа и Ксениа Смитс од Мец и Ана Седојкина од Ростов. Во изборот на ЕХФ за ова коло место имаше и за голманката Амандин Лејно. Таа се најде меѓу Топ-5 најдобри одбрани. ЛИНК

Share.

Leave A Reply