Пенезиќ не го дава врвот

0

Ракометарките на Вардар вчера го елиминираа Митјиланд и влегоа на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите за жени. По комплетирањето на реваншите од 1 /4 финалет, нашиот бек, Андреа Пенезиќ, останува на врвот на листата на стрелците.

Таа досега има реализирано 87 голови или три повеќе од  Ана Грос од Мец. Понатаму на листата на голгетерите се: Кристина Неагу од Будуќност која има 80 гола, Катарина Булатовиќ (Будуќност) и Изабела Гулден (ЦСМ Букурешт) имаат по 79-ет а Нора Мерк од Ѓер, има 78 погодоци.

Ќе потсетиме дека на завршниот турнир во Будимпешта во битката за титулата покрај Вардарки ќе се појават и Будуќност, Букурешт и Ѓер.

Share.

Leave A Reply