Пеп застана во одбрана на Агуеро

0

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, вчера направи имаше неспортски потег кон Шан Маси Елис која ја имаше улогата на линиски судија на дуелот против Арсенал одигран во рамките на Премиер лигата.

Аргентинскиот интернациоанлец ја фати за вратот Елис откако не му се допадна една од нејзините одлуки. Тоа предизвика револт кај фановите кои реагираа по пат на социјалните мрежи. Скандалозниот потег го осудија и медиумите. По целата ситуација тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, застан во одбрана на неговиот фудбалер.

„Агуеро е една од најдобрите личности кои сум ги запознал во животот. Барајте проблеми на друго место“ – потенцираше Гвардиола.

 

Share.

Leave A Reply