Пепе Реина ќе потпише нов договор со Наполи

0

Голманот на Наполи Пепе Реина ќе потпише нов договор во најскоро време, објавија од италијанските медиуми.

Во моментов шпанскиот голман има договор за уште една сезона, а новиот договор ќе биде до летото 2019 година.

Пепе Реина е клучен играч во составот на Маурицио Сари. 34-годишниот голман е во Наполи од 2015 година и има веќе 70 настапи за тимот во Серија „А”, како и 35 средби за шпанскиот национален тим.

Share.

Leave A Reply