Перес ќе остане прв човек на европскиот шампион

0

Флорентино Перес ќе добие нов мандата во Реал (Мадрид) до 2021 година бидејќи е единствениот кандидат за шефското место во европскиот клупски шампион. Тој по втор пат застана на чело на „белите” во 2009 година. Реал во меѓувреме ја освои три пати Лигата на шампионите во последните четири сезони.

Секој кој сака да стане шеф на Реал (Мадрид), треба да биде член на клубот барем од 20 години а не од 10. како што беше старото правило. Претседателот на клубот треба да располага и со лична банкарска гаранција од најмалку 75 милиони евра. За прв пат Флорентино Перес стана претседател на шпанскиот фудбалски гигант во 2000 година. Тогаш тој победи на изборите со ветувањето дека ќе го привлече крилото, Луис Фиго, од големиот противник Барселона. Португалецот премина кај „белите“ за рекордни 62 милиони евра.

Малку подоцна Реал (Мадрид) си ги обезбеди услугите на Зинедин Зидан, Бекам и Роналдо. Тројцата беа дел од проектот – „Галактикос“. Флорентино Перез во 2009 година ги купи и Кака и Кристијано Роналдо.

Share.

Leave A Reply