Перез сака да замине од Реал

0

Претседателот на Реал (М), Флорентино Перез, размислува да ја напушти функцијата, објави весникот „АС“.

Според информациите, на чело на „кралскиот клуб“ ќе дојде наследник кој лично ќе биде препорачан од Перез. Засега нема конкретно име, но се очекува наследникот да се придржува кон правилата на клубот и да продолжи со реконсрукција на „Сантијаго Бернабеу“.

Флорентино Перез го презеде кормилото на „кралевите“ во 2000 година, кога на претседателските избори успеа да го победи Лоренцо Санц. Во време на Перез, Реал трипати стана шампион на Шпанија, исто толку пати ја освојуваше Лигата на шампионите и двапати стана светски клупски првак.

Share.

Leave A Reply