Перфектна недела на англиските екипи во Лигата на шампионите

0

Англиските екипи се претставија многу добро на своите натпревари во Лигата на шампионите оваа недела. Сите четири екипи остварија победи, секој од нив имаше „сува“ мрежа.

Така, вкупната гол-разлика од нивните натпревари од Лигата на шампионите одиграни во второто коло изминатите два дена е 14:0 во нивна корист. Во вторникот, Ливерпул го победи Мидтјиланд со 2:0 на „Енфилд“. Во исто време, Манчестер Сити го доби мечот на гостувањето во Марсеј со 3:0.

Во средата, Челзи оствари убедлива победа од 4:0 на гостувањето кај Краснодар, а нешто подоцна Манчестер Јунајтед го совлада РБ Лајпциг со убедливи 5:0 на „Олд Трафорд“. Денес ќе дознаеме дали Арсенал, Тотенхем и Лестер ќе го повторат ова достигнување, но во Лигата на Европа.

Share.

Leave A Reply