Пероти: Покажавме дека сме најдобри

0

Фудбалерите на Рома со вчерашната победа против Карабах си обезбедија место во фазата на елиминации во Лигата на шампионите.

Италијанците го освоија првото место во „групата на смртта„ пред англискиот Челзи и шпанскиот Атлетико Мадрид. Стрелецот на единствениот гол на вчерашниот меч, за „римската волчица“, Диего Пероти, вели дека е среќен по обезбедениот пласман во наредната рунда.

„Имаме прекрасни моменти за Рома. Никој не веруваше дека во силната група ќе го освоиме првото место.Ние работевме напорно и заслужено сме најдобри. Имавме тежок меч со Карабах кој постојано се бранеше. Не е лесно да се игра со таква екипа, но, ние бевме трпеливи и знаевме дека ќе постигнеме гол“ вели Пероти.

Share.

Leave A Reply