Перу го изненаду Бразил, Аргентина моќно против Мексико

0

Освојувачот на Копа Америка, селекцијата на Бразил го запиша првиот пораз по серија од 17 одиграни средби. Синоќа „кариоките“ загубија на контролен меч од Перу со 1:0 одигран во Лос Анџелес.

Единствениот гол беше постигнат во 85. минута кога Луис Абрам погоди за водство и победа на Перуанците.

Аргентина, пак, беше подобра од Мексико во пријателски меч со убедливи 4:0. Во победата на „гаучосите“ најдобар беше Лаутаро Мартинез од Интер кој постигна хет-трик.

Share.

Leave A Reply