Пешиќ: голманите ќе имаат многу работа

0

Иван Пешиќ еден од тројцата голмани во селекцијата на Хрватска очекува жестоки битки на Мундијалот во Франција и многу атрактивни мечеви.

„Имаме квалитет и го променивме стилот на игра. Тука се нови млади момчиња, ќе играме побрзо и атрактивно. Мислам дека ќе бидеме добри. Веројатно ќе играме со седум ракометари во нападот“ вели Пешиќ.

„На Олимпијадата во Рио примивме многу голови, но, сега сме далеку подобри кога го имаме седмиот играќ во нападот. Нам на голманите ќе ни биде потешко бидејќи ќе мораме повеќе да трчаме но, подготвени сме за тоа“ вели со насмевка репрезентативецот на Хрватска.

Share.

Leave A Reply