Петања повикан на местото на Габиадини

0

Напаѓачот на Аталанта, Андреа Петања, ќе го замени повредениот Маноло Габиадини во репрезентацијата на Италија за престојниот квалификациски меч со Албанија, објавија италијанските медиуми. Габиадини, кој има 6 гола во 4 натпревари за Саутемптон во Премиер лигата доби повредата за време на средбата со Тотенхем и беше принудно заменет уште во првото полувреме.

Италија ја пречекува Албанија во петок во Палермо, а следниот вторник ќе и гостува на Холандија во контролен натпревар.

Share.

Leave A Reply