Петар Јовановски останува на чело на Одбојкарската федерација на Македонија

0

Одбојкарската федерација на Македонија го одржа денес во Штип закажаното собрание, а притоа го има старо-новиот претседател Петар Јовановски, кој ја доби довербата од страна на присутните делегати.

Јовановски на чело на федерацијата ќе остане во следните четири години, во кои ќе има задача да продолжи со работата каде што застана во последниот мандат и да создаде услови за нови успеси со репрезентацијата, но и на клупско ниво.

За да го добие новиот мандат Петар Јовановски доби 17 гласа од присутните делегати (вкупно 21), додека неговиот противкандидат, поранешниот репрезентативец Јовица Симовски доби само четири гласа. Петар Јовановски на чело на ОФМ од 2009 година, а најголемиот успех го постигна минатата година кога нашите одбојкaри учествуваа на своето прво Европско првенство во Словенија.

Share.

Leave A Reply